Бел прав испратен во кабинетот на белгискиот премиер е идентификуван како отров стрихнин
Помошник на белгискиот премиер, Александер Де Кро пред неколку месеци заврши во болница откако отвори писмо испратено во кабинетот на неговиот шеф. Вчера Обвинителството во Брисел ја откри причината.
Имено, како што пренесува британски „Гардијан“, белиот прав во писмото поради кој помошникот на белгискиот премиер беше хоспитализиран, е идентификуван како стрихнин, отров кој може да предизвика фатални последици.
Писма со опасната суптанцата, според извештаите на медиумите, во ноември лани биле испратени на неколку адреси, односно владини згради, меѓу кои и кабинетот на премиерот.
Според белгиските медиуми, неименуваниот член на тимот на белгискиот премиер добил болнички третман по повредите на рацете што ги здобил по отворањето на писмото.
Случајот бил откриен на 22 ноември, два дека откако слични пакети биле пронајдени во канцеларијата на министерката за внатрешни работи, Анелис Верлинден и во седиштето на службата за државна безбедност.
Се наведува дека во врска со ковертите уште едно лице било ставено во карантин, како мерка на претпазливост, но кај него не биле констатирани повреди.
Инаку, стрихнинот е супстанца без мирис, која се користи како отров за глувци. Кај луѓето во извесни количини може да предизвика грчеви во мускулите, срцев удар, откажување на органите и смрт.
Драматичните конвулзии што стрихнинот може да ги предизвика во поголеми дози биле инсприрација за некои од најславните писатели на криминалиситички романи, како Херберт Џорџ Велс, Артур Конан Дојл и Агата Кристи, при креирањето на заплетите во нивните дела.
Во конкретниот случај, веста за писмото со стрихнин доаѓа два дена откако маж вооружен со нож беше уапсен пред канцеларијата на белгискиот премиер во Брисел. Од полицијата соопштија дека засега немаат информации за неговите мотиви и дека тие сè уште остануваат нејасни.
Во врска со случајот, Де Кро изјавил дека му олеснило што никој не е повреден и дека заедно со полицијата внимателно ја следат ситуацијата.
Инцидентот, како што наведува „Гардијан“, доаѓа во време на зачестени закани и насилство насочени кон избраните политичари во Европа.
Словачкиот премиер, Роберт Фицо минатата година за влакно преживеа обид за атентат, додека данската премиерка Мете Фредериксен беше нападната на плоштадот во Копенхаген.
Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега
Поранешниот министер за правда на Белгија, Винсент Ван Квикенборн, беше ставен под засилено обезбедување во 2022 година, откако полицијата откри заговор за негово киднапирање. Ван Квикенборн случајот им го препиша на нарко-бандите.
Советот на Европа во 2023 година предупреди дека насилството врз локалните и регионалните избрани функционери е во пораст и дека овој тренд може да ги одврати луѓето да влезат во политиката.