Норвешка сака да изгради нови засолништа во случај на војна
Норвешка, членка на НАТО која ја дели северната граница со Русија, го укина овој услов во 1998 година по распадот на Советскиот Сојуз и крајот на Студената војна.
„Во иднина, треба да бидеме подготвени за управување со кризи и војни,“ рече министерката за правда на Норвешка, Емили Енгер Мел, чие досие вклучува и подготвеност за вонредни состојби.
Централно-левичарската влада предложи повторно воведување на условот сите големи згради да бидат опремени со засолништа за воздушни напади, напоменувајќи дека војната во Украина ја истакна таквата потреба.
Според владата, Норвешка моментално има доволно засолништа за да смести околу 45 проценти од нејзиното население, во споредба со 90 проценти во Финска, 80 проценти во Данска и 70 проценти во Шведска.
Владата исто така сака да го зголеми бројот на луѓе во цивилната одбранбена сила од 8.000 на 12.000 до 2030 година.
Се спомена и потреба од размислување за подобра координација на јавните и приватните напори за кибербезбедност, развивање нова стратегија за дезинформации и зајакнување на контролата врз сопственоста на земјиштето.
Норвешките медиуми во последниве години открија дека странци, особено Руси, купувале земјиште близу чувствителни локации како воени бази.
Покрај заканата од војна, документот којшто го спремаат од владејачката партија има цел да предвиди ризици од саботажа, хибридна војна и кибернапади, како и пандемии и екстремни временски настани.
Иако напомена дека геополитичката ситуација е „поинтензивна“, оремиерот изјави: „Ние не гледаме никаква скорешна воена закана против норвешката територија.“
Бидејќи неговата влада е во малцинство во парламентот, документот со предлозите ќе мора да добие поддршка од опозициските партии за да биде усвоен, што значи дека можеби ќе претрпи некои измени. (The Defense Post)