Неделковски: Приватни лица не можат туку-така во тренинг-центри!
Миленко Неделковски, извршниот директор на Вардар, говореше за ситуацијата пред тренинг-центарот на црвено-црните во текот на вчерашниот ден. Од навивачката група „Комити“ објавија дека им била затворена вратата ним и на медиа-тимот, меѓутоа Неделковски е дециден – немало никаква најава и клупско одобрение за присуство на „приватни лица“ во кампот.
„Во тренинг центарот не може туку-така да влезат луѓе кои не се дел од Вардар, влезот е забранет за приватни лица секаде во тренинг-камповите низ светот, тоа не е нешто што ние го измисливме. Се јавивме во полиција и ситуацијата веднаш беше расчистена. Ние работиме по примерот на сите сериозни клубови, никаде не е дозволено влез во тренинг центарот на приватни лица без претходна најава. Затоа и не беа пуштени тие кои дојдоа“, изјави Неделковски.
Вардар веќе втор ден тренира во Хиподром, а се подготвува за заминување за Анталија каде ќе ја одработи главната фаза од подготовките.(gol.mk)