Поправен дефектот во Карпош

Три часа немаше електрична енергија во населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани

По три часа, Општина Карпош повторно доби електрична енергија. Претходно поради испад на трафостаница „Запад“, поголем дел од општината остана во мрак.

Електрична енергија немаше во населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани.

„Поради испад на 100/35/10 кВ трафостаница „Запад”, дел од Карпош остана без снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го вратија снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од општината“ информираа од ЕВН

Back to top button
Close