Уапсен суспендираниот претседател на Јужна Кореја

По неколку неуспешни обиди, иследниците го уапсија суспендираниот претседател Јун Сук Јеол, соопштија истражните органи во Јужна Кореја.

Стотици полицајци и антикорупциски иследници се собраа пред резиденцијата на Јун во раните утрински часови. И покрај протестите на поддржувачите на Јун и на членовите на неговата владејачка партија, властите успеаја да го одведат сменетиот претседател во притвор.

 

Соработка „за да се избегне крвопролевање“

Поворка од автомобили излезе од портите на неговата планинска резиденција, каде што Јун со недели беше забарикадиран, криејќи се зад огради од бодликава жица и мала армија чувари. Јун е пренесен во канцеларијата на Антикорупциската агенција (ЦИО).

 

Во претходно снимена видео порака, Јун вели дека одлучил да се согласи да биде испрашуван за да избегне „крвопролевање“. Јун рече дека одлучил да одговори на прашањата на антикорупциската агенција. Сепак, тој не ја признава законитоста на истрагата. Адвокатите на Јун оценија дека апсењето е незаконско и претставува обид за негово јавно понижување.

 

Судири со безбедносните сили

Иследниците претходно влегле во неговата резиденција. Телевизиските снимки покажаа дека луѓе вклучени во акцијата користат скали за да влезат на просторот на резиденцијата на Јун. „Не го знаеме точниот број на луѓе во резиденцијата, но таму има обвинители“, изјави претставник на антикорупциската агенција.

Пред апсењето имаше помали судири со безбедносните сили кои го бранеа теренот на резиденцијата. Затоа првично беше кажано дека обидот за апсење бил спречен од службата за воена безбедност.

Неуспешен обид за апсење на почетокот на јануари

Претставници на претседателската безбедносна служба на Јун, вклучително и војници, на 3 јануари ги спречија иследниците да го уапсат претседателот во неговата резиденција во Сеул. Новиот обид за апсење на Јун се заснова на нов налог за апсење издаден во вторникот (14.01).

Јун ја втурна Јужна Кореја во политичка криза на почетокот на декември со прогласување воена состојба. Мерката ја искористи во буџетски спор, со што предизвика аларм и дома и во странство. Десетици илјади луѓе потоа излегоа на улиците против Јун и за зачувување на демократијата во Јужна Кореја. Но демонстрираа и поддржувачите на Јун.

Парламентот гласаше за смена на претседателот, прашање за кое Уставниот суд допрва треба да донесе конечна одлука. Постапката започна во вторникот

Back to top button
Close