Потребна ни е ревизија на историјата, Владата не одбележа два важни настани – „Крвав Божиќ“ и смртта на Бунева, вели ВМРО-Народна
Во изминатите десеттина дена во Македонија останаа неодбележани два важни датуми од изворната македонска историја“, вели ВМРО-Народна партија чиј претседател е Љубчо Георгиевски и додава:
Прво, почитта кон саможртвата на тетовчанката Мара Бунева која во одмазнички акт го убива српскиот јавен обвинител Велимир Прелиќ како одговорен за затворањата, убиствата и крвничките претепувања на 27 македонски студенти во тоа време. Овој настан по возобновувањето на старото ВМРО во деведесеттите беше одбележуван како симбол против српската окупација на Македонија.
Вториот настан или „Крвавиот Божиќ“ во македонската изворна меморија е врежан пак како симбол на Македонија под титовата југословенско комунистичка диктатурасо кој почнуваат тортурата и убиствата на илјадници македонци кои од 1945 година се залагаат за самостојна и независна Македонија.
Со жалење можеме да констатираме дека денеска на Власт е партија која во својот предзнак го носи името на ВМРО и со целата досегашна политика прави максимални напори за рехабилитација и ревизија и на двете југославии во свеста на македонските граѓани.
Српската окупација во очите на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ни се претставува како романтично минато и општа историја, а титовата Југославија ни се претставува како идеална приказна.
Игнорирањето на овие два симболични настани од страна на актуелната Влада најдобро покажуваат зошто ни е потребна ревизија на историјата и тоа не поради тоа што некој друг го бара туку заради нас самите и поради сите македонски жртви кои се дадени во борбата против двете Караѓорѓевата и Тиова Југославија.
Приватните пензиски фондови, причина за дупката во ПИОМ, алармира партијата на Георгиевски„Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата“, вели ВМРО-НПВМРО-Народна партија: Сања Божиновска под притисок на сопартијците има поднесено барање за откажување од бугарското државјанство