Хакиран профилот на Венко Филипче – измамници преку него нудат американско здравствено осигурување
Фејсбук профилот на претседателот на СДСМ Венко Филипче е хакиран и од негово име од истиот се шири лажен повик за „приватно здравствено осигурување во соработка со американски лекари“. Препораката е граѓаните да не стапуваат во контакт со истиот поради можноста хакерите да ги доведат граѓаните во заблуда и да бараат од нив банкарски податоци преку кои подоцна може да им ги испразнат сметките.
Пред половина час на Фејсбук профилот на Венко Филипче беше објавена чудна, лажна содржина односно некој во негово име ги повика граѓаните да се „регистрираат за здравствено осигурување во соработка со неколку ценети лекари од САД“.