Во Загреб е прекината потрагата по 3-годишното девојче, кое мајката го фрлила во Сава
Водачот на нуркачкиот тим вечерва потврдил дека е прекината потрагата по тригодишното девојче чија мајка, според пријавата добиена во полиција, попладнево го фрлила во реката Сава.
Овој немил настан предизвика тревога во Загреб, а во потрагата беа распоредени бројни екипи на итната помош, полиција, болничари и хрватската национална служба за управување со катастрофи и вонредни состојби, како и термални камери за да го најдат детето.
Мајката на девојчето е под полициски надзор, објави порталот 24sata.hr.
„Денеска во 16 часот и 10 минути добивме дојава за потреба од потрага по лице. Веднаш решивме да започнеме акција за пребарување со два чамци, џет ски, дрон и термална камера. Баравме по коритото на реката Сава. Потрагата за денеска е прекината поради тешките временски услови“, изјави водачот на спасувачката екипа и продолжи:
„Условите се тешки и напорни, темно е. Сава е доста брз денес. Доста е заморно. Ја имаме сета потребна опрема“, вели Дражен Павлиќ, водач на нуркачкиот тим на Град Загреб.