Макрон повика на политичко решение по прекинот на огнот во Газа
Францускиот претседател Емануел Макрон повика на политичко решение на конфликтот меѓу Израел и Хамас по објавувањето на Катар за договор за прекин на огнот во Појасот Газа.
Макрон ја истакна важноста да се обезбеди почитување на прекинот на огнот, нагласувајќи го огромното олеснување за жителите на Газа и надежта за заложниците и нивните семејства по 15 месеци од она што тој го опиша како „неоправдано искушение“, наведува ДПА.
Француското Министерство за надворешни работи во соопштението наведе дека прекинот на огнот мора да се спроведе и да се одржи и мора да доведе до ослободување на сите заложници.
Министерството, исто така, побара итна акција за решавање на хуманитарната криза во Газа и итен почеток на напорите за обнова.
Франција, исто така, ги повика поддржувачите и на Израел и на Палестина да го искористат прекинот на огнот како можност да работат на решение за две држави, обезбедувајќи безбедност и за Израелците и за Палестинците. Ова, според Франција, е единствениот начин да се постигне праведен и траен мир