Студот и мразот во Германија предизикаа стотици сообраќајни несреќи – загинаа две лица

На југот на Германија утринава поради голомразица се случиле бројни сообраќајни несреќи во кои животот го загубија две лица, а откажани се и бројни летови од аеродромите во тој дел од земјата.

Несреќи со фатални последици се случиле на автопатиштата во Баварија главно поради несоодветна брзина. Во северна Баварија автобус излетал од патот при што биле повредени седум патници.

Само на северот на сојузната покраина Баден-Виртемберг, поради мразот се забележани над 260 сообраќајни несреќи. Слично е и во северна Баварија. „Ова се временски услови кои не простуваат грешки при возење“, велат од полицијата во Ален.

Замрзнат дожд и мраз предизвикаа проблеми и во воздушниот сообраќај. Аеродромот во Штутгарт беше делумно затворен за сообраќај, а авионите беа пренасочени кон други аеродроми.

Во текот на утрото, поради голомразица, бројни сообраќајни несреќи се забележани и во други делови на Германија, како Саксонија

Back to top button
Close