На Детската клиника почина двегодишно дете
Директорот Реџеп Мемеди вели дека детето било донесено од штипската болница во многу тешка, неповратна здравствена состојба.
Претходно било болно, било дехидрирано и имало цревна инфекција.
– Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден детето е транспортирано до УК ДБ-Скопје, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.
Инаку, според информациите од Клиничка болница-Штип, деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје е од Општина Свети Николе.