Хамас: Продолжената израелската агресија ги загрозува животите на заложниците
Вооруженото крило на Хамас денеска предупреди дека продолжуваат израелските воздушни напади и гранатирања во Газа и покрај најавата за договор за прекин на огнот.
Хамас истакна дека со нападите загрозени се заложници, кои треба да бидат ослободени според договорот.
– Секоја агресија и гранатирање во оваа фаза од страна на непријателот може да ја претвори слободата на затвореникот во трагедија, објавија Бригадите Езедин Ал Касам на Телеграм.