Киев потврди дека се водат преговори за испраќање на француски и британски мировници во Украина
Шефот на Кабинетот на украинскиот
претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак денеска потврди дека се водат преговори за распоредување на француски и британски мировници во Украина.
Јермак истакна дека тоа е иницијатива е на францускиот претседател Емануел Макрон, кој пред неколку дена разговараше за тоа со британскиот премиер Кир Стармер.
– Денес не би сакал да навлегувам во детали. Овие консултации се во тек. Можам да потврдам дека овие преговори се во тек и несомнено е многу важно тие да станат дел од одредени безбедносни гаранции, посочи Јермак.
Тој додаде дека главната гаранција за безбедноста на Украина останува полноправното членство во НАТО.
Претходно, британскиот весник Телеграф, повикувајќи се на свои извори, објави дека Стармер и Макрон разговарале за испраќање војници во Украина како мировници по евентуалниот мировен договор.