Муцунски разговарал“ по телефон со новиот бугарски колега, Георг Георгиев
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, објави дека телефонски разговарал со новиот шеф на бугарската дипломатија, Георг Георгиев.
„Имав прв пријателски телефонски разговор со Георг Георгиев, новиот министер за надворешни работи на Бугарија. Му честитав на назначувањето и ја изразив нашата решеност да го зајакнеме партнерството, да ја унапредиме соработката и заеднички да придонесеме за регионалната стабилност и заеднички напредок“, објави Муцунски на социјалната мрежа „Икс“.