Трамп ги назначи Сталоне, Гибсон и Војтс за свои амбасaдори во Холивуд
-Голема чест ми е да објавам дека Џон Војт, Мел Гибсон и Силвестер Сталоне ќе бидат специјални амбасадори во големиот, но многу проблематичен Холивуд, во Калифорнија, напиша Трамп синоќа на својата социјална мрежа „Truth Social“.
-Тие ќе бидат мои специјални претставници кои ќе го вратат Холивуд, да биде повторно голем, подобар и посилен од кога било, а во последните четири години загуби многу бизниси поради странска конкуренција.
Републиканците традиционално не се популарни меѓу претставниците на шоу бизнисот во САД, и многу ѕвезди како Тејлор Свифт и Џорџ Клуни, на претседателските избори во 2024 година ја поддржаа Камала Харис, кандидатка од Демократската партија.
Сепак, премостувајќи ги традиционалните холивудски кругови, кампањата на Трамп успешно се зближи со популарната публика на инфлуенсерите на Јутјуб и ја зајакна својата поддршка.