Израелскиот безбедносен кабинет го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас
Израелскиот безбедносен кабинет на денешната седница го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа и за размена на заложници за палестински затвореници, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
По одобрувањето од безбедносниот кабинет, договорот треба да биде одобрен и од израелската Влада. По нејзиното одобрување договорот за прекин на огнот ќе стапи во сила в недела (19 јануари) со ослободување на првите заложници