Рестрикции за интернационални студенти негативно влијаат врз универзитетите во Канада

Со години, канадските колеџи и универзитети сè повеќе се потпираат на школарините од меѓународните студенти за да ги финансираат своите програми, а ограничувањата од федералната влада, воведени минатата година во однос на бројот на меѓународни студенти, значат дека приходите почнуваат да се намалуваат. Веќе има рани знаци на проблеми кои ќе се усложнуваат, вели Алекс Ашер за CBC.

„80 отсто од буџетите на некои колеџи во Онтарио се состојат од школарините од интернационалните студенти. Тоа вистина за голем број институции во државата“.

Според Ашер, последиците ќе стануваат полоши – ќе се затвораат програми и ќе се намали изборот на студии. Тој вели дека целата држава ќе страда само поради лошите одлуки во државата Онтарио.

Пред една година, федералната влада објави намалување од 35 проценти на студиските дозволи – со што бројот се намали на околу 360.000 за 2024 година – што е едно од првите големи намалувања во целите за постојана и привремена имиграција во Канада.

Меѓународните студенти плаќаат многу повисоки школарини отколку домашните студенти. Институциите за високо образование ширум земјата сè уште се борат да ја пополнат таа празнина и да одлучат кои програми и услуги можат да ги укинат.

Претседателот на Советот на универзитетите на Онтарио, Стив Орсини, изјави дека училиштата во неговата организација, која вклучува 20 од најдобрите универзитети во провинцијата, очекуваат комбинирана загуба од 330 милиони долари оваа фискална година и 600 милиони долари во претстојната фискална година.

„Ова имаше длабоко негативен ефект врз секторот во време кога универзитетите во Онтарио се соочуваат со значителни финансиски предизвици“, рече Орсини за CTV.

 

Back to top button
Close