Телефонски измами: 76-годишна скопјанка изгубила 130 000 денари

На 17.01.2025 година во 18.30 часот во СВР Скопје стасало пријава од скопјанката Р.С.(76). Таа пријавила дека истиот ден, околу 14.00 часот, примила телефонски повик од машко лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете. Потоа, лицето ја уценило жената со тоа што ѝ побарало 130 000 денари за да не оди ќерката во затвор.

Р.С. се договорила со лицето по телефон да ги предаде парите на подрачјето на Драчево. Бргу по размената сфатила дека била измамена и го пријавила настанот во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close