Казни за Македонија и Хрватска од ИХФ

Светската ракометна федерација (ИХФ) соопшти дека ќе ја казни македонската федерација со парична казна поради инцидентите за време и по натпреварот помеѓу Холандија и Македонија во Хрватска.

ИХФ изрекоа парична казна и за Хрватскиот организациски комитет, како и предупредување дека доколку слични инциденти се повторат, трибините ќе се затворат. Слично предупредување има и за РФМ односно доколку се повторат инцидентите, нема да се дозволи влез на македонски навивачи.

Организацијата одлучи да затвори дел од трибините во Вараждин со цел да се заштитат играчите. Исто така, ќе се зголеми обезбедувањето и полициското присуство на сите натпревари, а и ќе се прават построги претреси.

 

Back to top button
Close