Повеќе од 70 пропалестински демонстранти уапсени во Лондон откако го пробија полицискиот кордон

– Повеќе од 70 пропалестински демонстранти беа уапсени на лондонскиот плоштад Трафалгар под сомнение дека ги прекршиле правилата на протестот, откако толпата го проби полицискиот кордон, јави ДПА.

Протестот за солидарност на Палестинците требаше да се одржи на една локација, откако полицијата ги спречи плановите на организаторите да одржат марш во близина на седиштето на Би-Би-Си и синагогата.

Илјадници демонстранти, меѓу кои и поранешниот лидер на Лабуристичката партија Џереми Корбин, маршираа низ плоштадот Трафалгар по говорите на митингот.

Демонстрантите се судрија со полицискиот кордон и на крајот го пробија, а оние кои се најдоа на плоштадот подоцна беа турнати на едниот крај.

Лондонската полиција ја предупреди толпата да се разотиде или да се соочи со апсење, а подоцна објави дека 77 од нив се уапсени

Back to top button
Close