Хамас го чека списокот од 90 палестински затвореници кои треба да бидат ослободени

Палестинската исламистичка организација Хамас објави дека чека Израел да го предаде списокот со имињата на палестинските затвореници кои ќе бидат ослободени денеска во замена за трите израелски жени приведени во Газа.

Во соопштението се наведува дека на списокот ќе се најдат имиња на жени и деца.

-Окупаторот се очекува наскоро да поднесе список со имињата на 90 затвореници, вклучително и жени и деца, кои треба да бидат ослободени на првиот ден од прекинот на огнот, рече Хамас, додавајќи дека договорот за прекин на огнот предвидува 30 палестински затвореници во замена за еден приведен цивил, јавуваат агенциите.

На израелската страна им се познати имињата на приведените заложнички кои денеска ќе бидат ослободени.

Хамас не го достави навреме списокот со нивните имиња, па прекинот на огнот стапи на сила во 11:15 часот по локално време, речиси три часа подоцна од најавеното.

Ова го започна шестнеделното затишје кое ги зголеми надежите дека десетици заложници држени од екстремисти ќе бидат ослободени и дека разорната војна ќе заврши по повеќе од 15 месеци.

Уште пред официјалното стапување на сила на прекинот на огнот, започнаа прославите на опустошената палестинска територија и Палестинците почнаа да се враќаат во деловите на Газа каде што живееја пред почетокот на војната.

Back to top button
Close