Хамас: Најмалку 46.913 убиени и 110.750 ранети во Газа до стапувањето на примирјето


Министерството за здравство на владата на Хамас во Газа денеска објави нов биланс според кој најмалку 46.913 лица се убиени во повеќе од 15 месеци војна со Израел.

Билансот на убиени е до ноќеска на полноќ, пред да стапи во сила прекинот на огнот денеска во 9.15 часот по Гринич.

Исто така се наведува дека 110.750 луѓе се ранети.

Војната започна на 7 октомври 2023 година со напад на Хамас врз Израел, по што израелската војска започна офанзива во Газа.

Back to top button
Close