„Да го спасиме ТикТок“ – повика Трамп, откако апликацијата престана да работи во САД

Ден пред неговата инаугурација, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска повика да се спаси ТикТок.

„Да го спасиме ТикТок“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, неколку часа откако популарната апликација престана да функционира за околу 170 милиони американски корисници, поради стапувањето во сила на законот со кој се суспендира нејзината работа, со образложение дека ја загрозува на национална безбедност на САД.

Трамп претходно најави дека по преземањето на функцијата, најверојатно ќе му даде на ТикТок одложување од 90 дена – ветување што ТикТок го пренесе во пораката до корисниците на апликацијата.

– Во САД е донесен закон за забрана на ТикТок. За жал, тоа значи дека засега не можете да го користите ТикТок. Ние сме среќни што претседателот Трамп кажа дека ќе работи со нас на решение за обновување на ТикТок. Ве молиме да останете присутни, се наведува во пораката до корисниците, испратена пред ТикТок да биде отстратнет од продавниците за апликации на Apple и Google.

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го потпиша законот за забрана или продажба на ТикТок минатиот април, откако беше одобрен во Конгресот врз основа на заштита на националната безбедност.

Со законот му беше даден рок на кинескиот сопственик на видео сервисот ByteDance, до 19 јануари да се откаже од своите операции во САД или да се соочи со затемнување на национално ниво и отстранување од продавниците за апликации на Google и Apple.

Законодавците стравуваат дека кинеската влада може да добие пристап до огромни количини лични податоци преку ТикТок да ја искористи платформата за да изврши политичко влијание.са/

Back to top button
Close