Tрамп им наложи на соработниците да договорат телефонски разговор со Путин

Целта на разговорот, како што пишува Си-ен-ен, е да се договори потенцијална средба меѓу двајцата лидери во наредните месеци за да се обиде да се стави крај на војната во Украина

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп им наложил на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во првите денови по неговата инаугурација закажана за денеска.

Целта на разговорот, како што пишува Си-ен-ен, е да се договори потенцијална средба меѓу двајцата лидери во наредните месеци за да се обиде да се стави крај на војната во Украина.

 

Доналд Трамп денеска ќе положи заклетва како 47. претседател на САД

Според Си-ен-ен, официјални лица од тимот за национална безбедност на Трамп почнале да работат на договарање телефонски разговор со Путин пред неколку недели, но не е јасно дали датумот е финализиран.

Трамп и неговиот тим се надеваат дека брзо ќе започнат со работа на план за средба со рускиот претседател, што би можела да се реализира во првите месеци од неговото претседателствување.

Новоизбраниот американски претседател во неколку наврати изјави дека планира да се сретне со Путин многу брзо откако официјално ќе ја преземе функцијата.

Back to top button
Close