Милевски: Со Борко Ристовски корупцијата во спортот е до облаците а македонскиот фудбал на колена

Прес конференција на СДСМ, Панче Милевски – Панта, Комисија за спорт

Со Борко Ристовски корупцијата во спортот е до облаците а македонскиот фудбал на колена

Почитувани граѓани, новинари, спортисти,

Со последните исплати на субвенции кон спортските клубови од страна на Министерството за спорт, фудбалот е клекнат на колена, а корупцијата во спортот е дигната до облаците.

Имено, министерот за Спорт, Борко Ристовски од Владата на СДСМ, наследи буџет од 9 милиони евра, кој што требаше да се распредели како “спортски ваучери”.

Владата на СДСМ, тој буџет континуирано го зголемуваше со години. И во него имаше пари за сите: и за големите спортски клубови и за малите, и за тие од градските средини и за тие од селата.

СДСМ го смени системот на исплата од „спортски ваучер” во субвенции, но и тоа не го спречи министерот да ја дигне корупцијата во спортот да ја дигне до облаците.

Затоа јавно го прашуваме министерот;

– по кој систем реномирани Фудбалски клубови, од прва и втора лига, добија по НУЛА денари, или нешто ситно, а третолигашки клубови добија милиони и останати суми поголеми од тие на прволигашите и второлигашите?

 

 

– По кој систем на сите третолигаши од Источниот и Југоисточниот регион им исплативте по 0 денари, иако таму има клубови со повеќе децениска историја?

– Зошто од останатите региони, сте исплатиле само на неколку третолигаши, а над 98 % од клубовите сте им дале по 0 денари?

– Имате вршено исплати кон фудбалски школи формирани пред неколку години, а клубови што се постари од Вас, не сте им исплатиле ни денар?

Што им ветивте на Фудбалските клубови од прва и втора лига во Ноември?

Им ветивте дека сите ќе добијат дополнителни исплати во Декември, и ги излажавте.

На едни дополнително во декември им имате исплаќано средства уште по еднаш или два пати (со значително поголеми суми), а други ги оставивте само на минималната исплата во Ноември.

Затоа фудбалот го клекнавте на колена, а корупцијата во спортот ја дигнавте во облаците.

Затоа, од Вас бараме јавно да ги објавите (како што тоа го правеше СДСМ) сите исплати кон спортските клубови од сите сметки на министерството, што сте ги направиле додека сте вие на Власт.

Па да види македонската спортска јавност, кои се тие спортски клубови на кои за само 4 месеци им имате исплатено над десетици милиони денари, а кои се тие што не добиле ништо.

Кои се тие спортски клубови што никој не слушнал и разбрал за нив, а на кој има имате исплатено илјадници евра, а кои клубови во кои што членуваат стотици деца ги оставивте на цедило.

За СДСМ, вашиот систем на распределба на парите за спортот е јасен: тој се вика “Партиското тефтерче на Мицко”.

Кој го има во тефтерчето, тој добива пари. Кој спортски клуб е близок до ВМРО ДПМНЕ, тој добива пари.

Затоа, министре, треба да си дадете оставка.

СДСМ располага со податоци за сите ваши исплати, и истите ќе го достави до Основното јавно обвинителство и ГОК.

За достоинството во Спортот, СДСМ секогаш ќе биде на страната на спортистите, и затоа јавно го повикуваме сите спортски клубови, сите информации за корупција во министерството за спорт, да ги достават до СДСМ или до надлежните институции за борба со корупција.

Само така спортот ќе го кренеме на прави нозе. Само така ќе не биде.

СДСМ е на страна а спортот.

 

Back to top button
Close