Орбан: Трамп ќе започне нов бран на десничарски промени во Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека вториот мандат на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе влијае на иницирање на нов бран големи десничарски политички промени во Европа.

Орбан изјави дека за само неколку часа сонцето поинаку ќе свети во Брисел, седиштето на Европската унија, пренесуваат британските медиуми.

„Нов претседател во САД, голема група патриоти во Брисел, голем ентузијазам, па може да започне големиот напад. Затоа ја започнувам втората фаза од офанзивата, чија цел е окупација на Брисел“, изјави Орбан

Back to top button
Close