Kомисии за стручен надзор за смртта на близначињата и деветгодишното дете
Иницирани се комисии за стручен надзор за смртта на близначињата и деветгодишното дете во државава, потврдија попладнево од Министерството за здравство за МИА.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе изврши вонреден инспекциски надзор за смртта на детето од Светиниколско, а денеска се врши за случајот со починатите близначиња во прилепската болница.
Вонреден инспекциски надзор за лекувањето на детето беше извршен на три места – почнувајќи од матичниот лекар, Клиничката болница – Штип и на Клиниката за детски болести во Скопје. Од извршените вонредни инспекциски надзори во овие здравствени установи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци.
Стручни комисии треба да утврдат дали имало лекарска грешка при лекувањето на трите деца