Обвинение за криумчарење чорапи преку Блаце
Основното јавно обвинителство Скопје покрена обвинение против фирма од Косово порадо обид за криумчарење недекларирани 48 илјади чорапи. Недекларираната стока била во вкупна вредност Основното јавно обвинителство Скопје покрена обвинение против фирма од Косово порадо обид за криумчарење недекларирани 48 илјади чорапи. Недекларираната стока била во вкупна вредност од 365.280 денари.
-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против фирма од Косово со подружница во Скопје и нејзиниот управител за кривично дело – Криумчарење. На 16 јануари, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со косовски регистарски ознаки кој пренесувал стока за правното лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48.000 пара чорапи кои не биле наведени во фактурите и во царинската декларација, информираат од Обвинителството.
Царинските службеници при проверка ја пронашле и ја одзеле недекларираната стока во вкупна вредност од 365.280 денари