Во Прилеп брутално нападнати газда на дуќан и неговите малолетни деца

Двајца насилници од Битола нападнале сопственик на продажен објект во градот, како и неговите две малолетни деца, соопшти полицијата. Еден од напаѓачите извадил и пиштол и пукал.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(58) и К.П.(42), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 15.01.2025 во Прилеп, пријавените физички го нападнале В.П. – сопственик на продажен објект, а потоа и неговите малолетни деца, по што првопријавениот во два наврати пукал со пиштол“, велат од МВР.

Back to top button
Close