Заедничката историја на земјите од Југоисточна Европа е достапна и во дигитална форма

Стотина историчари и учители од Југоисточна Европа во текот на 8 години работеа на проектот Заедничка историја на земјите од регионот. Во рамките на проектот беа изготвени шест читанки кои го опфаќаат периодот од Отоманската империја до крајот на Втората светска војна како и периодот на Студената војна и транзицијата во Европа, вклучувајќи ги и војните од 1990-ите, до 2008 година. Читанките се објавени на 11 јазици меѓу кои и македонскиот. На ова значаен научен труд се работеше од 1998 до 2016 година. По печатењето на овие читанки проектот за Заедничка истоприја влегува во нова фаза кога целата содржина од овој значаен труд ќе може да биде достапна за сите на платформата jointhistory.net
Целта на оваа нова, дигитална фаза на проектот е да го мобилизира знаењето и креативноста на историчарите и наставниците, на уметниците и новинарите и на сите други кои сакаат да промовираат демократска политичка култура во Југоисточна Европа. Планот е да се создаваат објави на социјалните мрежи, видеа, стрипови, статии, академски студии и низа други содржини со цел да се поттикне љубопитност, емпатија и критичко размислување за историјата. Првите материјали можете да ги следите од денеска, кога и ќе започне нашата прва медиумска кампања УЧИ И ИНСПИРИРАЈ:
https://www.facebook.com/profile.php?id=61568313746355 https://www.instagram.com/joint.history.project/
За пролетта 2025 година е закажана научна конференција во врска со концептот на границите во Југоисточна Европа. Централна тема на овој состанок ќе биде дали регионот се еманципирал од нагонот кон демаркација и партикуларизам.

-Овие книги немаат за цел да ги заменат учебниците што во моментот се користат во училниците, ниту пак настојуваат да дадат кохезивна приказна за историјата на Југоисточна Европа од 14-иот век до денес. Тие, меѓутоа, имаат когнитивни и морални цели, и предлагаат методи и алатки за поучување историја. Тие предлагаат историјата да се препише преку лекција на метод наместо содржина.“ изјави професорката Кристина Коулури која е раководтиел на прокетот поддржан од Европскоиот фонд за Балканот со финасиски средства обезбедени од гермаснкото министерство за надворешни работи.
Проф. Кристина Кoулoури од Атина продолжува да раководи со научната работа на ПЗИ. Дитмир Бушати, поранешен министер за надворешни работи на Албанија, претседава со „Пријатели на ПЗИ 2.0“ – група составена од академици, дипломати и активисти на граѓанското општество во Југоисточна Европа, кои веруваат дека овој проект треба да допре до што повеќе луѓе, а особено до младата генерација.
Звездана Ковач од Црна Гора го предводи тимот на ПЗИ 2.0. За дополнителни информации, ве молиме контактирајте нѐ на jointhistoryproject@gmail.com

Back to top button
Close