Пентагон го отстрани од ѕидот портретот на генералот кого Трамп го нарече морон
Пентагон денеска го отстрани портретот на Марк Мили, пензиониран генерал и поранешен претседател на Здружениот Генералштаб, потврдија за Ројтерс двајца очевидци. Овој потег дојде два часа по инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.
Пентагон веднаш не одговори на прашањето зошто портретот е отстранет неколку дена по неговото откривање. Трамп и претходно ја критикуваше Мили. Тој еднаш рече дека Мили „бавно се движи и размислува“ и го нарече „морон“, се сеќава Ројтерс.