Хабек: Европа мора да биде подготвена за тарифна војна со Трамп

Европската унија треба да му понуди на Доналд Трамп соработка, но и да остане подготвена за тарифната војна што тој ја најави, изјави германскиот вицеканцелар Роберт Хабер.

„На администрацијата на Трамп треба да ѝ се пружи подадена рака, „но не треба така да се држи ако ја оттурне“, рече политичарот на Зелените на конференцијата на деловниот весник Handelsblatt, пренесува dpa.

Со други зборови, Европа треба да биде подготвена за тарифна војна.

„Ако САД подготвуваат царини, тогаш треба да знаеме какви тарифи ние можеме да подигнеме. Тоа е лошо за луѓето, лошо е за нашите односи, генерално, лошо е“, додаде тој. Но, не смееме да дозволиме некој да не турка како што сака“, рече Хабек.

Трамп во својот инаугуративен говор во понеделникот повтори дека ќе воведе казнени тарифи за многу земји, со цел да ја поттикне домашната економија и пазарот на трудот

Back to top button
Close