Трамп повторно во Белата куќа: Овалната соба повторно претрпе измени, црвеното копче на работната маса
Белата куќа го врати познатото црвено копче во Овалната соба за претседателот Доналд Трамп лесно да нарача диетална Кока-Кола.
Црвеното копче за Кока-Кола што Трамп го користеше за време на неговиот прв мандат повторно беше забележано на неговото биро откако во понеделникот положи заклетва како 47-ми претседател на САД, објави весникот „Волстрит џурнал“.
Позната е неговата наклонетост да пие диетална Кока-Кола. Тој многу пати изјави дека не пие алкохол поради тоа што неговиот брат Фред починал од компликации поврзани со алкохолизмот во раните 1980-ти.
„Волстрит журнал“, исто така, во понеделникот забележа дека портретот на Џорџ Вашингтон сега виси над каминот во Овалната соба, а во неа се сместени и портретите на Александар Хамилтон, првиот министер за финансии на САД и Томас Џеферсон, третиот претседател.
Кога положи заклетва како претседател во 2021 година, Бајден нареди да се отстрани бистата на Винстон Черчил од Овалната соба поставена во време на претходниот мандат на Трамп. Таа биста беше вратена во понеделникот и забележана на истото место каде била пред четири години, на масата покрај каминот.
Како и во првиот мандат, Трамп повторно го има портретот на седмиот претседател Ендрју Џексон во Овалната соба. Трамп се поистоветува со Џексон, кого популистичкото движење против естаблишментот го донесе во Белата куќа и покрај критичарите од тоа време.
Трамп го задржа и портретот на Бенџамин Френклин, кого демократот Бајден го постави во собата за да го симболизира фокусот на науката