Центар повторно без парно –  радијаторите се ладни

Денеска повторно нема парно во зградите во околината на Веро Центар. Не се знае кога би се решил проблемот за жителите од овој дел на градот.

ЕСМ Дистрибуција вчера соопшти дека нивните екипи во раните утрински часови успешно ги завршиле сите предвидени исклучително сложени активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар, што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.

Но, денеска повторно нема парно во зградите во околината на Веро Центар. Не се знае кога би се решил проблемот за жителите од овој дел на градот.

Вчера попладне, жителите на овој дел од градот добија парно греење, но утрово нивните радијатори повторно се ладни.

ЕСМ утрово сѐ уште се нема огласено за што станува збор.

За сите информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100 на ЕСМ Дистрибуција.

Пред два дена речиси сите општини во Скопје останаа без греење откако беше пријавен дефект односно големи загуби на вода од системот

Back to top button
Close