ВИДЕО: Ректорот на белградскиот универзитет: „Не ја доведувајте во прашање нашата поддршка за студентите“
Ѓокиќ на вчерашната седница на Комитетот за култура рече дека поширокиот колегиум на Универзитетот во Белград едногласно ги поддржал студентите и целосно застанал зад нив и нивните барања, нагласувајќи дека нивниот консензус не се доведува во прашање. „Немојте да мислите дека тоа е мала група професори или мал консензус, но тоа е, не можам да кажам 100 проценти, туку огромно мнозинство на професори, соработници и истражувачи во Универзитетот. Барањата на студентите се оправдани од повеќе причини и се поважни од надоместок за школарина, буџет, студентски домови. Факултетите веќе имаат подготвено ревидирани наставни програми кои ќе се реализираат кога ќе се исполнат условите, односно кога ќе заврши блокадата“, изјави Ѓокиќ, чиј говор беше поздравен со аплауз.
Тој изјави дека студиската програма ќе се реализира до крајот на академската година, а ако тоа не е доволно, ќе се продолжи годината и дека факултетите се подготвени да работат и за време на викендите и во текот на летото.
„Тој студентски порив, т.е. бунтот е резултат на нивното самосвесно претставување на состојбите во нашето општество, каде што тие констатираа и јавно кажаа дека постојат одредени појави во општеството на кои реагираат и кои не се законски или морални. И мислам дека тоа е многу поважно од се што им се припишува. Тие во неколку изјави истакнаа дека немаат никакви политички амбиции и дека не сакаат политиката да им се меша во ставовите и тоа е една од најважните работи што ја истакнаа“, посочи ректорот (Трн)