По Амазон, и Гугл одлучи да ги зголеми инвестициите во „Антропик“

– Гугл ќе инвестира над една милијарда долари во стартапот за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic), објави денеска весникот „Фајненшл тајмс“.

Anthropic е главен конкурент на „ОупенЕјАј“ (OpenAI) во таква област како базични модели за вештачка интелигенција. Гугл веќе има инвестирано две милијарди долари во Anthropic.

Амазон, лидер во електронската трговија, кон крајот на минатата година ги дуплираше своите инвестиции во оваа компанија на осум милијарди долари.

Anthropic, чии годишни приходи достигнаа приближно 875 милиони долари, обезбедува пристап до своите модели директно и преку други клауд услуги, како Amazon Web Services.

Back to top button
Close