Ричард Гренел не бил повикан на инаугурација на Трамп објавуваат медиуми од САД. Го сомничат за земање руски пари од Кремљ и останал без безбедносен сертификат
Извори во Вашингтон потврдуваат дека на Ричард Гренел му било забрането да се приближи до претседателската инаугурација поради одземената безбедносна дозвола, пишува на „Х“ новинарот Вуди Џимшити.
Како што објаснува тој, ова следува по истражните извештаи на списанието FRONTLINER, Washington Post, ProPublica и Der Spiegel за наводните врски на Гренел со руски пари во Источна Европа. Отповикувањето на безбедносната дозвола на Гренел, исто така, ги елиминираше сите шанси да биде разгледан како опција за државен секретар и покрај тврдењата на неговите поддржувачи. Извештаите сугерираат дека дури и на политичарите тесно поврзани со Гренел им бил забранет пристапот до јавните билети за инаугурацијата, пишува новинарот.
Инаку, премиерот Мицкоски во објави на социјалните мрежи објави дека се сретнал со Ричард Гренел, на која средба се разговарало „за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија.“