Во Врапчиште спасени три питбули и доберман користени за кучешки борби
Полицијата вчера, по судска наредба, извршила претрес во простории во гостиварското село Врапчиште каде биле пронајдени четири кучиња за кои се верува дека биле користени за борби.
Едно од кучињата било од расата доберман, додека пак останатите три биле раса питбул.
Просторот бил во сопствеништво на 20-годишник од село Врапчиште, кој бил надвор од државата, а со објектот раководел 22 годишен маж од селото.
-Со С.А. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава- велат од МВР