Жељазков на средба со Кошта: За приклучувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ се придржуваме до принципот на сопствени заслуги

Се придржуваме до принципот на сопствени заслуги – порача новиот бугарски премиер Росен Жељазков по средбата во Стразбур со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во врска со проширувањето на Европската Унија, со осврт на земјите од Западен Балкан.

Бугарскиот премиер Росен Жељазков и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта

„Разговаравме, се разбира, за важни прашања поврзани со агендата за проширување на Унијата, ја потврдивме нашата позиција, која е поврзана со земјите од Западен Балкан – дека се придржуваме до принципот на сопствени заслуги, како што повеќепати и доследно изјавуваме“,истакна новиот бугарски премиер.

Аспектите на евроинтегративниот процес на земјите од регионот биле во фокус и на телефонскиот разговор што вчера го оствариле бугарскиот претседател Румен Радев и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Го истакнале значењето што Европската комисија ѝ го придава на темата за проширувањето.

Во оваа смисла, бугарскиот претседател изразил надеж дека државниот врв во С Македонија наскоро ќе покаже, како што рекол, политичка волја за спроведување на европскиот консензус од 2022 година и со тоа ќе го отвори патот на земјата кон преговори за полноправно членство во ЕУ

Back to top button
Close