Николовски: Не е точна веста на Канал 5 за договор за премиер 3 год Заев, 1 год Зибери
Фејсбук статус на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ:
За објавената неточна вест на Канал 5 телевизија со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери –ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.
========
Имам почит кон телевизија Канал5 и кон останатите медиуми кои успешно функционираат на и онака тешкиот медиумски пазар во државата.
Сепак, разбирајќи ги проблемите со кои се среќаваат сите медиумски професионалци, замолувам за малку поголема свест при пренесувањето наполно неточни информации.
Јас и СДСМ стоиме на располагање за изјави, прашања и коментари, тоа медиумите многу добро го знаат, заврши времето на нарачки, закани и насилство кон медиумите. Медиумската слобода е тука, но нека се користи на прав начин и за добро, не за ширење лажни вести за кликови и рејтинг.
За подобро утре на сите нас, да бидеме сите малку попрофесионални во своите дејности.
Благодарам