ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство да отвори истрага за недостигот на лекови на Онкологија

Од владејачката партија бараат Обвинителството да се охрабри и, како што велат, да ги стави на располагање сите свои капацитети за спроведување на сеопфатна истрага со цел да се расчисти и пред лицето на првдата да се изведат големите бизнис олигарси кои создаваат милионски профити преку креирање на вештачки кризи со лекови

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика Јавното обвинителство да отвори истрага за недостатокот на биолошка терапија на Клиниката за онкологија, тврдејќи дека случајот е последица на злоупотреби од страна на веледрогерии кои креираат вештачка криза со набавката на лекови.

Проблемот со недостигот на терапија за тешко болните пациенти од рак на Онкологија, според партијата не е новина и нешто се случува само сега. Ова, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се повторува во првите два до три месеци секоја година и секоја година една иста веледрогерија ги набавува лековите по енормно високи цени.

Оваа веледрогерија, како што обвинуваат од власта, има политичка заштита од стуктури од СДСМ и ДУИ, што ја користи за да создава големи профити со кризата за лекови што вештачки ја креира.

„Мафијата на смртта, на чие чело е една иста веледрогерија и помогната и заштитена од политички структури блиски до СДС и ДУИ, за која човечкиот живот не вреди ништо, 30 години ровари во Онкологија и е виновна за смртта на голем број починати пациенти кои навреме не го добиле соодветниот лек“,се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во таа насока, оттаму прашуваат дали е точно дека веледрогеријата, за која тврдат дека е блиска до СДСМ, го уценува со цени македонското здравство и дали е вистина дека оваа, според нив, вештачки создадена криза, е токму поради тоа што треба да се купат скапи лекови од неа.

 

„Оттука, бараме и ги повикуваме надлежните институции да покренат сеопфатна истрага за сите злоупотреби кои се прават на Клиниката за онкологија со терапиите за болните од рак. Исто така, да се посочат сите одговорни без разлика дали се лидери на партии или поранешни министри, медицински лица или лица дел од фирмите и веледрогериите кои снабдуваат со вакви лекови и се богатат врз здравјето на најтешко болните пациенти“,

 

велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Го повикуваат Јавното обвинителствот, како што велат, да се охрабри и да ги стави на располагање сите свои капацитети за спроведување на сеопфатна истрага со цел да се расчисти и пред лицето на првдата да се изведат големите бизнис олигарси кои создаваат милионски профити врз маката на луѓето.

 

Пациентите на Онкологија пред неделава алармираа дека на Клиниката од минатиот петок немаат шест лекови од биолошката терапија, а стравуваат дека за брзо време може да снема уште три други.

 

За пациентите на Онкологија од петокот нема биолошка терапија

 

Проблемот го потврдија и од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, од каде што велат дека е резултат на административни процедури, кои се реализираат согласно буџетот за 2024 година.

 

Според Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) на Клиниката за радиотерапија и онкологија нема биолошка терапија за пациентите, а тоа како што изјави директорот Сашо Клековски е поради несоодветно планирање во 2024 година, преминот од 2024 во 2025 година и зголемениот број пациенти во декември.

 

Клековски: На Онкологија нема биолошка терапија поради несоодветно планирање и зголемен број пациенти во декември

 

Клековски очекува неделава да се надмине проблемот со недостигот на два лека на Онкологија

 

Од Клиниката за онкологија вчера соопштија дека Бројот на пациенти е во постојан пораст и не може однапред најпрецизно да се предвиди и определи динамиката на потрошувачката на биолошката терапија, посочувајќи дека располагаат со преглед на потрошувачката на количините на постојните пациенти.

Посочија дека Клиниката за онкологија е на располагање за обезбедување на регистар во форма која е неопходна за потребите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), со цел да се обезбеди јасен и транспарентен начин за евиденција на биолошката терапија.

Клиника за онкологија: На располагање сме да се обезбеди регистар неопходен за ФЗО за евиденција на биолошката терапија

Еден од предлозите, како што се вели во соопштението од Онкологија, е ФЗО и Министерството за здравство да ја тендерираат набавката на лекови од условен буџет според реалните потреби на клиниката и останатите онколошки одделенија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close