Крени-промени: Продавниците и централните градски улици во Белград речиси празни поради генералниот штрајк

Движењето “Крени – промени” објави повеќе снимки како граѓаните на Србија се кои се вклучени во генералниот штрајк во Србија. Тие објавија снимка од продавница која во ова време, во редовни денови, е преполна со муштерии, но денес не е така:

MAXI продавница на Нови Белград кај ГТЦ. Во ова време, во редовни денови, оваа продавница е преполна со муштерии, но денес – ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

Движењето објави и снимка од центарот на Белград со која наведе дека централните белградски улици се речиси празни во време на утринскиот пик:

Генералниот штрајк, односно „општа граѓанска непослушност“, на која ги повикаа граѓаните на Србија студентите во блокадите, се одржува денес ширум Србија.

„Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги вршиме секојдневните обврски. Го земаме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите во средата на Инстаграм.

Бројни компании, здруженија и политички партии соопштија дека ја поддржуваат оваа акција.  (Трн)

Back to top button
Close