Владата на Фицо го изгуби мнозинството, Словачка ќе оди на избори

Кабинетот на словачкиот премиер Роберт Фицо го загуби мнозинството во парламентот откако четворица пратеници од Глас, владиниот коалиционен партнер, решија дека повеќе нема да и даваат подршка на владејачката гарнитура.

Без нивната поддршка, коалицијата која ја предводи Фицо може да смета на 75 пратеници кои не се доволни да се има контрола врз парламентот кој брои 150 народни избраници.

 

Ваквата состојба води кон дополнителна политичка нестабилност, предизвикана пред се од проруските ставови и политики на актуелниот словачки премиер која ескалира со бројни протести ширум државата и со внатрешни тензии кај помалиот партнер во владата, чии пратеници всушност ја носат државата кон вонредни парламентарни избори.

Опозициската „Прогресивна Словачка“ повика што поскоро да се организираат предвремени избори, на кои тие најавуваат дека Словачка ќе се збогува со Фицо и неговата политика.

Back to top button
Close