Здравствените работници во САД добиле наредба веднаш да ја прекинат соработката со СЗО

Американските здравствени власти добија наредба од администрацијата на претседателот Доналд Трамп веднаш да ја прекинат соработката со Светската здравствена организација (СЗО).

Службеникот на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Џон Нкенгасонг, испратил меморандум до високите водачи на агенцијата во неделата навечер, информирајќи ги дека сите вработени во агенцијата кои соработуваат со СЗО мора веднаш да ја прекинат таа соработка и да „чекаат дополнителни инструкции“.

Експертите рекоа дека непосредната суспензија е изненадување и ќе ги забави истражувањата и напорите да се запрат појавата на вирусот Марбург и мајмун сипаница во Африка, како и други закани ширум светот.

Оваа одлука, исто така, доаѓа додека здравствените власти ширум светот ги следат епидемиите на птичји грип меѓу добитокот во САД.

На вработените во ЦДЦ не им е дозволено да ги посетуваат канцелариите на СЗО.

Трамп минатата недела издаде извршна наредба за започнување на процесот на повлекување на САД од СЗО, но таа не стапи на сила веднаш. За напуштање на СЗО потребно е одобрение од Конгресот и САД да ги исполнат своите финансиски обврски за тековната фискална година.

Back to top button
Close