Бошњачкиот демократски сојуз за посетата на Додик: Средба со политичар кој е на црната листа на САД поради геноцидни политики и корупција е срам за угледот на нашата земја

Бошњачкиот демократски сојуз за посетата на Додик:

Додик ја посети Северна Македонија за да ѝ „помогне“ во евроинтеграцискиот процес како што и „помогна“ на Босна и Херцеговина.

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ во Владата на Република Северна Македонија денес оствари средба со Милорад Додик во просториите на министерството кој е на црната листа на САД поради неговите геноцидни политики и корупција.

Ова е огромен удар за угледот на нашата земја во меѓународната заедница со што се поставува прашањето дали оваа Влада воопшто негува европски вредности во контекст на почитување на човековите права и слободи и цивилизациски вредности утврдени со меѓународните акти, врз основа кои се осудени одредени лица а со чија глорификација и говор на омраза Додиќ направи и се уште ја одржува својата политичка кариера!

Ова сериозно ја доведува во прашање нашата стратегија за европска интеграција и меѓународните односи, велат од Бошњачки демократски сојуз

 

Back to top button
Close