Уставни измени, Таравари во „ДејлиКлик“: Дајте ни 1 година
Министерот за здравство и дел од коалицијата Вреди, Арбен Таравари во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 проговори и за уставните измени, кои се пречка во патот на Македонија кон ЕУ.
Како што вели, договорот меѓу Вреди и ВМРО-ДПМНЕ имал четири точки.
„Договорот помеѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ има четири точки. Првата и најважна е европскиот пат и почеток на преговорите, втората е борбата против криминалот и корупцијата, третата е економскиот развој, а четвртата е децентрализацијата“, вели Таравари.
На прашање на модераторот за тоа дали во рок од 4 години овие точки треба да се реализираат, Таравари вели имале еден услов кон ВМРО, што треба да се направи.
Во однос на дадениот рок од шест месеци за уставни измени, Таравари побара да им се даде една година:
Таравари: Дали уставните измени биле ветени и претходно? 2014, 16, 17, 20?
Модератор: Да.
Таравари: Па дајте ни 1 година, на нив им дадовте 10 години.
Модератор: Ќе ви дадеме и 2 години, но вие самите рековте 6 месеци.
Таравари: Не, нашето инсистирање е постојано дека уставните измени треба да се случат што е можно побрзо.