(ВИДЕО) Таравари: Мицкоски ќе ги прифати и уставните измени, како што ги прифати Коридорот 8 и Преспанскиот договор
Министерот за здравство Арбен Таравари во интервју за емисијата „Дејли клик“ на ТВ 21 рече дека премиерот Мицкоски ќе ги прифати уставните измени, исто како што тоа претходно го направил со Коридорот 8 и со Преспанскиот договор, на кои иако имал забелешки и бил против нив, сепак ги прифатил.
„Дали беше против Коридорот 8 или денес на Коридорот 8 се работи поенергично од кога било досега. Да ви кажам, Договорот од Преспа, и таму имаше противење, но денеска го прифати. Третата работа што треба да ја направи господинот Мицкоски, се надевам дека ќе ја направи… Ме радува фактот дека тој е убеден и сигурен 100 проценти дека ние секако дека треба да одиме на патот кон ЕУ. Сега имаше избори во САД, имајте предвид дека тој има блиски пријатели кои се блиски со претседателот Трамп. Но и во Бугарија немаше влада до пред една недела, бидејќи за да се движат овие работи, треба да имаш некого од другата страна со кого да преговараш. Така што, многу сум среќен и сигурен дека г. Мицкоски сака и е сигурен дека ние треба да ги почнеме преговорите, но и тој сака некакви гаранции“, рече Таравари.
На прашањето за предизборното ветување на „Вреди“ дека ако бидат дел од власта уставните измени ќе се случат во рок од шест месеци, Таравари рече дека измените биле ветувани и претходно и побара за затворање на оваа тема да им биде дадена една година.
Тој нагласи дека договорот меѓу „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ има четири точки, од кои првата и најважна се однесува на евроинтегративните процеси