Сашко Коцев за „Слободен печат“ контра МВР: Не сум удрил полицаец со возило, ниту пак сум знаел дека е полиција во прашање
Актерот Сашко Коцев вчера вечерта околу 19 часот и 15 минути во Скопје, на подрачјето на Центар управувајќи патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистерски ознаки не застанал на знак на запирање, даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото, потврдија од МВР за „Слободен печат“.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.
Актерот Коцев за „Слободен печат“ вели дека не го удрил полицаецот со своето возило, ниту пак знаел дека се работи за полиција
…