Митева: Владата донесе важни одлуки за подобрување на квалитетот на граѓаните

На денешната 46та владина седница, се донесоа низа одлуки кои од таму тврдат дека ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните. Во прилог се одлуките:

„Одлука број 1 е Економска мерка:

Се усвоија двата договори за кредитната линија од 250 милиони евра наменета за бизнисот со што средствата ќе станат оперативни. Ова ќе претставува позитивен импулс за компаниите, со исклучително поволни услови, рок на отплата до 15 години, 3 години грејс период и каматна стапка од 1,95%. Се надеваме на пројавување на голем интерес.

Одлука 2 се однесува на Зајакнување на системот најавните набавки како дел од Реформската агенда каде се предвидени повеќе реформи во делот на управувањето со јавните финансии. Европската комисија повеќе години во извештаите за напредокот го критикува пречестото користење електронски аукции и истото го посочува како битен недостаток во системот на јавните набавки.

За таа цел Владата ја разгледа Информацијата за обврската за намалување на процентот на електронски аукции во јавните набавки во 2025 година да се намали до најмногу 40% од бројот на објавените постапки и ги задолжи и им препорача на сите органи на државната управа да преземат мерки за намалување на бројот на електронски аукции во јавните набавки.

Конечно, како дел од нашата постојана заложба за навремено постапување се однесува и денешната одлука со која Владата го утврди и го доставува до Собранието полугодишниот законодавен преглед со предлози на закони и други акти по кои одлучува Собранието и истиот согласно динамиката вклучува 60 законски решенија произлезени од Програмата за работа на Владата“.

Од владата велат дека транспарентноста и отчетноста се сржта на нивната работа и дека целта им е да го доближат обичниот граѓанин до одлуките што ги носат.

Back to top button
Close