Вучиќ бара од Велика Британија поголемо разбирање за ситуацијата на Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја повика Велика Британија да покаже поголемо разбирање за ситуацијата во Косово со тоа што ќе го поддржи дијалогот и ќе ги осуди едностраните потези на Приштина.
Тој со британскиот државен министер за Европа, Северна Америка и прекуокеанските територии, Стивен Даути разговарал за актуелната ситуација на Косово.
„Разговаравме и за актуелната ситуација на Косово, каде детално го информирав министерот за речиси невозможните услови во кои живеат Србите“, објави Вучиќ на Инстаграм.
Станало збор и за безбедносните предизвици во поширокиот регионален контекст, како и за европскиот пат на Србија, а Вучиќ го поканил британскиот премиер Кир Стармер да ја посети Србија.
Српскиот претседател додаде дека фокусот на разговорите бил на зајакнување на билатералните односи меѓу двете држави, а се разговарало и за различни аспекти на соработката, вклучувајќи ги економијата, трговијата, сајбер безбедноста и миграцијата